Достапни линкови

logo-print

Филе: Македонија има отворена можност за решавање на спорот за името


Македонија има отворена можност за рeшавање на долгогодишниот спор за името со Грција. Ова денеска го изјави новиот еврокомесар за проширување Штефан Филе во Брисел. Тој истакна дека ЕУ очекува, за време на шпанското претседателство, да се реши спорот меѓу двете земји што го блокира отворањето на преговорите на Скопје со Европската унија. Филе во петок ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. На средбите се очекува да стане збор за евроинтеграцијата и за грчкото условување на преговорите со решавање на прашањето за името, јавува македонската новинска агенција МИА.
XS
SM
MD
LG