Достапни линкови

Со мали пензии тешко се преживува


Пензионери

Пензионери

Македонските пензионери едвај врзуваат крај со крај во месецот поради малите пензии. Освен издатоците што ги имаат за режиски трошоци, според истражувањето на Центарот за економски анализи речиси половина од македонските пензионери со нивните мали пензии издржуваат и по уште еден или двајца други членови од семејството.

Мали пензии со кои едвај врзуваат крај со крај. Се жалат на здравството, бараат поголеми пензии, а не да ги водат на бања и еднаш во неделата да се возат бесплатно во автобус. Ова се најчестите поплаки на пензионерите во Mакедонија. Со просечна пензија од околу 7000 денари, стандардот на пензионерите во земјата е далеку полош од тој во земјите на Европската Унија. Но не само од нив, и пензионерите во соседството живеат подобро од тие во Mакедонија. Пензионерите велат дека најмногу ги погодува тоа што цените одат се погоре, но
Од пензијата неможеме многу да живееме зошто имаме други трошоци, струја, вода, парно, а тоа е многу
не и неивните пензии. А уште пострашно им паѓа што од тие мали пензии мора да ги издржуваат и другите членови на семејството:

,,Јас имам една пензиичка, каква таква, може да опстојуваме, ама за помладите како вас, тоа е тешко, без работа, да чека јас од пензијата да му давам, тешко е."

,,Од пензијата неможеме многу да живееме зошто имаме други трошоци, струја, вода, парно, а тоа е многу."

,,Тешко е, имаме многу и здравствени издатоци."

Според анализа на Центарот за економски анализи, речиси половина од пензионерите во земјава издржуваат два и или повеќе членови од семејството. Освен поголеми пензии, бараат и некој да им прави муабет, да ги сослуша.

,,Да ти помогне, да те разбере."
Нека ми ја покачат пензијата, не ми треба. Сама ќе си платам, ќе си отидам, ќе си изберам што сакам, а не тие да ми избираат


,,Душевно да ни помогнат, доста е човек само разговор да ти направи."

Во Македонија има повеќе од 270 илјади пензионери, од нив 50 илјади се во категоријата со најниска пензија. Од почетокот на годинава со владина одлука 10 илјади пензионери добија бесплатно една недела да поминат во бања. Но дел од пензионерите велат дека поарно ќе беше да им дадат покачувања.

,,Нека ми ја покачат пензијата, не ми треба. Сама ќе си платам, ќе си отидам, ќе си изберам што сакам, а не тие да ми избираат."

,,А тие што неможат да одат, ќе им дадат покачување?"

А пак со одлука на град Скопје, секој петок пензионерите можат бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП. Според една анализа на шведската пензиска компанија АМФ, која опфаќа 23 европски земји, животниот стандард на пензионерите е најдобар во Шведска и во Австрија, додека на дното на табелата се пензионерите од Литванија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG