Достапни линкови

logo-print

Средба на Иванов со египетскиот министер Геит


Македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов се сретна со египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Геит. По средбата, Геит изразил задоволство од развојот на односите меѓу двете земји и истакнал дека постои подготвеност за понатамошно унапредување на таа соработка. Иванов се заблагодарил за поканата за средба со претседателот Хосни Муберак во Египет, додавајќи дека една таква средба ќе го крене политичкиот дијалог меѓу двете земји на повисоко ниво.
XS
SM
MD
LG