Достапни линкови

Милошоски:Заостанува трговската соработка со Египет


Македонија и Египет имаат добри и пријателски односи, но заостанува трговската соработка и затоа двете земји ќе се ангажираат за подобри економски релации. Ова го соопштија египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Геит и неговиот македонски колега Антонио Милошоски по денешната средба во Скопје. Геит додаде дека акцентот на идната соработка ќе биде ставен на инвестиции и трговија , како и на создавање услови за соработка на бизнисмените од двете земји. Милошоски вели дека очекува во текот на оваа година да потпишат уште неколку договори со Египет и тоа за избегнување на двојно даночење и за заедничка заштита на ивестициите. Шефот на египетската дипломатија денеска ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓи Иванов и со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG