Достапни линкови

Европа - криза на идентитетот?


Жена во традиционална муслиманска облека во Ирак

Жена во традиционална муслиманска облека во Ирак

Одлуката да се забрани фереџето во Франција и предлогот за минарињата во Швајцарија, беа погрешни сами по себе. Тоа е едноставно избрзана реакција на приливот имигранти од Блискиот Исток во Европа и нивната зголемена религиозност во новата средина, напиша неодамна Пинчас Голдшмит рабин од Москва за Интернешнал Хералд Трибјун

Иронично е тоа што земја која со векови се гордеела со својата неутралност наеднаш влегува во религиозен конфликт со тоа што во “домот на слободата“ пробува да им каже на луѓето како треба да се облекуваат, пишува Пинчас Голдшмид рабин од Москва и Преседавач на Комитетот на европските рабини за Интернешнал Хералд Трибјун. Тоа, според него, често е реакција на една засилена толеранција и радикален секуларизам. Затоа ,вели Голдшмит, предлозите да се забрани фереџето во Франција и минарињата во Швајцарија, се погрешни сами по себе.

Погрешни чекори

Швајцарија долго време самата си ги создаваше своите правила. Некои региони го одложуваа правото на глас на жените до втората половина на 20 - тиот век, додека пак пред Првата Светска Војна манифестација на швајцарската нетолерантност беше забраната Евреите да го колат месо, нивна сопственост – забрана која важи и до ден денешен.
Францускиот парламентарен комитет, пак повика на забрана за носење на фереџето наместо да се бават со локалните прашања како што е состојбата на економијата или војната во судовите меѓу Претседателот и поранешниот премиер. Работите изгледаат лошо уште повеќе кога фереџето виртуелно е непостоечко во Франција па и дури и ниџбабот е ретка особина на улиците и булеварите на Петтата Република, пишува Пинчас Голдшмит рабинот од Москва за Интернешнал Хералд Трибјун.

Слобода за религијата

Русија - одбележување на Холокаустот

„Како рабин, се чувствувам непријатно кога било кое религиско изразување е ограничено, не само моето“, вели тој.
Голдшмит, кој е на чело на Комитетот кој преставува 800 еврејски лидери од над 40 држави смета дека станува збор за прикривање на криза на идентитетот во Европа.
Библијата, коренот на нашето зедничко Јудео-Христијанско наследство, постојано ја потенцира важноста да се пречека туѓинецот. Тоа, исто така, е дел и од нашиот Европски идентитет.

Европска толеранција

„Ако имаме заеднички идентитет кој го делиме, треба да се стремиме да го делиме со други. Ако поддржуваме плурализам не треба да го одрекуваме, туку наспроти треба силно да го проповедаме насекаде“, пишува натаму Голдшмит за Хералд Трибјун.

„На крајот на краиштата, џамија без минаре може секогаш да продолжи да постои и да проповеда било каква религиозна толеранција или нетолеранција. Можам да се надоврзам и на лично искуство во однос со ова“, раскажува московскиот рабин.
„Куполата на зградата каде јас служам како рабин, Московската Хорална Синагога, беше отстранета од царските власти пред еден век со цел да не ги навреди локалните Православни Христијански чувства, и беше повторно вратена пред 10 години. Слично, ферецето, исто така може да биде отстрането од лицето на жената но таа сеуште може да продолжи да проповеда љубов и почит кон сите Божји суштества. или пак да го избере патот на екстремизмот и да проповеда омраза кон се зад кое стои Европа“.
Белорусија - Водици

Клучот кон успехот за интеграција и усвојувањето на туѓа култура на Европските имигранти зависи од нивната интеграција во јавниот школски систем, а подоцна и во универзитетите, како и во работната сила.
Европа треба да биде водач во демонстрирање на толеранција кон религиозниот плурализам.
Светлоста на религиозниот плурализам е таа која што ќе води во градење на свет ослободен од тероризам и омраза, заклучува во својот текст во Интернешнл Хералд Трибјун Пинчас Голдшмит рабин од Москва за Интернешнал Хералд Трибјун.
XS
SM
MD
LG