Достапни линкови

Евродипломати неделава во Македонија


Европскиот парламент во Стразбур

Европскиот парламент во Стразбур

Крајот на неделава ќе биде во знакот на присуството на голем број европски претставници во Скопје и голем број нивни средби со македонски високи функционери. На двете европски парламентарни делегации коишто пристигнуваат вечер в петок ќе им се придужи и еврокомосарот за проширувањето Штефан Филе.

Меѓу другото, тој ќе има обраќање и на седмиот состанок на мешовитиот парламентарен комитет којшто има закажано сесии за в четврток и в петок. Ова е редовен состанок на комитетот којшто се одржува два пати годишно еднаш во Макеоднија еднаш во едно од седиштата на ЕУ. На дневен ред на состанокот во Скопје како што е најавено ќе се најдат актуелната политичка состојба во земјава, економски прашања, заштитата на животната средина, користењето на средствата од ИПА фондовите и односите меѓу заедниците. Дваесет и седумте членови на комитетот од кои половината се македонски а половината европарламентарци ќе донесат заеднички заклучоци коишто имаат консултативен карактер.

Самата работа на комитетот според изјавите на негови членови има меѓу другото и функција на зајакнување на дијалогот меѓу Македонија и ЕУ. Делегацијата на европските парламентарци посетата на Македонија ќе ја искористи и за средби со премиерот Груевски и со вицепремиерите Наумовски и Адеми. Може да се очекува но останува незивесно дали средбите во Скопје ќе значат пренесување на пораките од Брисел во контекст на мартовскиот соатанок на европските министри и препораките прашањето за името поради одблокирање на македонските евроинтеграции.

Од друга страна неисвесно е и дали на овие средби ќе биде поставено прашањето на поголемиот европски ангажман во прашањето за името коешто на некој начин го отвори министерот за надворешни работи Милошоски во последните изјави. Уште еден поттик за решавање на прашањето за името најверојатно ќе произлезе од посетат на еврокомоесарот за проишрувањето кој ќе има средби со македонскиот државен врв. Присуството на европските претставници ќе биде засилено и со делегација од европската комисја за надворешна политика во Европскиот парлемтн коишто ќе имаат средба со претседателите на комисијата за надворешна политика , комисијата за европски прашања и националниот совет за евроинтеграции во македонското собрание а ќе се сретнат и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG