Достапни линкови

Пакистан потврди дека талибанскиот командант Барадар е заробен


Пакистанската армија денеска потврди дека главниот талибански командант Мула Абдул Гани Барадар е заробен. Портпаролот Атхар Абаз не даде детали за апсењето поради безбедносни причини. Според американски медиуми, Барадар, втора личност кај талибанците по основачот Мула Омар, бил заробен кај Карачи на почетокот на месецов. Тој е најважната личност на тврдокорното исламско движење уапсена од почетокот на војната во 2001 година.
XS
SM
MD
LG