Достапни линкови

Турско - грчка економска соработка


Турскиот министер за надворешна трговија, Зафер Чаглајан изјави дека 225 турски бизнисмени пристигнале со него во Атина во обид да ја поддржат Грција во сегашниот тежок економски период. Чаглајан ја истакна неопходноста од солидарност меѓу Грција и Турција во услови на глобална финансиска криза и ги повика грчките бизнисмени да почнат заеднички проекти со турски колеги во трети држави. Грчкиот министер за економија Лука Кацели изјави дека 77 грчки инвеститори имаат проекти во Турција во вредност од шест милијарди долари и ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Грција.
XS
SM
MD
LG