Достапни линкови

Европарламентарци од денеска во посета на Македонија


Делегација на Европскиот парламент денеска ќе пристигне во посета на Скопје, во чии рамки ќе бидат разгледани односите ЕУ- Република Македонија. Ќе биде одржан седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ. Предвидено е делегацијата за соработка со Македонија за време на тридневниот престој во Скопје да биде примена од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски. Во составот на делегацијата, меѓу другите се Зоран Талер, известувач на Европарламентот за Македонија, словенечкиот европратеник Алојз Петерле и Јоргос Кумуцакос, поранешен портпарол на грчкото МНР.
XS
SM
MD
LG