Достапни линкови

Посета на шефот на египетската дипломатија


Министерот за надворешни работи на Египет Ахмед Абул Геит денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Покрај разговорите со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, министерот Геит ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а е придвидена средба и со министерот за економија Фатмир Бесими. На средбата на министрите Милошоски и Геит ќе стане збор за продлабочување на билатералните односи, како и за можностите за унапредување на економската соработка.
XS
SM
MD
LG