Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- облачно со дожд


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од еден до пет, а дневната ќе биде од пет до 12 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе престануваат. Утринската темпратура се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени. Поради топлото време и врнежите од дожд во наредниот период ќе има нагло топење на снегот и зголемување на водотеците особено во западните и јужните делови.
XS
SM
MD
LG