Достапни линкови

Тимошенко поднела жалба до Врховниот Суд за поништување на изборите


Украинската премиерка Јулија Тимошенко денеска поднесе барање во Судот да се поништат претседателските избори. Во штабот на Тимошенко велат дека имаат видео записи и изјави на сведоци со кои можат да докажат дека изборните резултати се фалсификувани. Ривалот на Тимошенко, Виктор Јанукович побарал од Судот да ги испита брзо и внимателно наодите што ги поднела Тимошенко за да може да се изврши легитимно примопредавање на власта.
XS
SM
MD
LG