Достапни линкови

Општинска соработка Старо Нагоричино-Ќустендил-Врање


Куманово

Куманово

Искористување на геотермалните извори за производство на електична енергија, е проектот што ќе ги поврзе општините Старо Нагоричино, Ќустендил и Врање. Проектот ќе биде финансиран од европските фондови.

Во рамките на меѓугранична соработка трите соседни општини Старо Нагоричино од Македонија, Ќустендил од Бугарија и Врање од Србија, во рамките на заедничкиот економски развој се залагаат за искористување на природните ресурси, по урнек на словенечката регија Литија. Првиот сериозен зафат би било искористување на геотермалните извори за производство на електрична енергија и
Ќе работиме на еден до два конкретни проекти, кои сакаме многу брзо да ги реализираме
заеднички пристап до европските фондови. Градоначалникот на Општината Старо Нагоричино Миодраг Јовановиќ вели дека:

,,Идејата е соработка на овој дел на Балканот со словенечката регија Литија и да покажеме дека и ние можеме да соработуваме, три општини од три држави. Добрата пркатика од Словенија да се пренесе и во нашите општини и да имаме заеднички пристап до фондовите на ЕУ, како и соработка со словенечките фирми. Ќе работиме на еден до два конкретни проекти, кои сакаме многу брзо да ги реализираме."

Борислав Крумов градоначалник на бугарската Општина Ќустендил вели:

,,За краток период сфативме дека само заеднички можеме да се развиваме. ЕУ преку програмата „Европа за граѓаните“ ќе го финансира развојот. Ние имавме икуство со користење на фондовите. Еден покрупен беше инфраструктурата и веќе е искористен,а има уште
За краток период сфативме дека само заеднички можеме да се развиваме. ЕУ преку програмата „Европа за граѓаните“ ќе го финансира развојот
неколку кои треба да бидат одобрени од програмата за 2009/ 2013 година. Македонија може рамноправно да учествува во фондовите, така што кога би аплицирале заедно 50 % од средствата одат во Ќустендил,а исто толку во Македонија. Тоа значи дека и одговорноста е подеднаква. Ме радува што во ЕУ на овој регион гледаат сериозно и отворено."

А Новица Ѓорѓевиќ претставник од комплексот Врањска Бања од Србија смета дека:

,,Геотермалните води може да се искористуваат не само за наводнување и за туризам,туку и за производство на електирчна енергија. И Ќустендил и Старо Нагоричино имаат богатство на геотермални извори така што со заеднички проект сите три општини ќе имаат придобивка."
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG