Достапни линкови

Средба на Иванов со амбасадорите на земји од Вишеградската група


Република Македонија треба да ги искористи претстојните неколку месеци за да дојде до решение во спорот за името, за потоа да почне со преговорите за пристапување во ЕУ, изјави унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши од името и на амбасадорите на Полска и Словачка, по денешниот работен ручек со претседателот Ѓорге Иванов. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој присуствуваше на работниот ручек, рече дека средбата била искористена за директно да се информираат амбасадорите на трите земји за процесот на реформите, но и за македонските ставови за спорот за името во очекување на посетата на медијаторот Метју Нимиц, за како што вели да добијат подобра претстава за тој процес.
XS
SM
MD
LG