Достапни линкови

Путин:Проектот за гасовод ќе помогне финансиски на Грција


Рускиот премиер, Владимир Путин изјавил дека големиот гасоводен проект ќе и помогне на Грција да заздрави од должничката криза, но не кажал јавно дали е можно Москва да и помогне финансиски на Грција, јавуваат новинските агенции. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја заврши својата дводневна посета на Москва, ветувајќи му на Кремљ дека економскиот хаос нема да создаде проблеми во реализирањето на проектот за гасовод. Овој проект треба да биде готов до 2015-та година и планирано е со овој гасовод под Црното Море до Европа да стигне руски гас. Посетата на Папандреу во грчките медиуми предизвика низа реакции и претпоставки дека Грција ќе бара заем од Москва.Официјалните претставници одбиле да одговорат на овие прашања јавуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG