Достапни линкови

САД го повикаа Ирак да ги подобри условите во затворите


Соединетите Американски Држави ја повикаа ирачката влада да ги подобри условите во затворите и да ги истражи обвинувањата за малтретирање на притвореници. Американската критика следува по денешното заседавање на Советот за човекови права на Обединетите Нации. Претставникот на Соединетите Американски Држави, Даглас Грифит вели дека е многу загрижен за кршењето на правата на религиските малцинства, жените и хомосексуалците во Ирак. Ирачкиот министер за човекови права, Виџдан Салим вели дека неговата земја се труди да ја подобри заштитата на човековите права со оглед на тоа што земјата сега се соочува со тешка ситуација.
XS
SM
MD
LG