Достапни линкови

Иванов му го честита Денот на Независност на Сејдиу


Македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов му испрати честитка на неговиот косовскиот колега Фатмир Сејдиу за Денот на косовската независност. Во честитката Иванов вели дека се надева дека во наредниот период со заеднички напори ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји во сите области. Во продолжение на честитката стои дека со заокружување на процесот на демаркација и воспоствување на дипломатски односи се создадени сите предуслови за зајакнување на меѓусебните односи и соработка.
XS
SM
MD
LG