Достапни линкови

Белгискиот премиер во посета на Балканот


Белгискиот премиер Ив Летерм пристигна денеска во Албанија, како дел од планираните посетите на балканските земји. Во Тирана Летерм се сретна со неговиот албански колега Сали Бериша и изјави дека ги подржува европските интеграции на Албанија. Тој денеска ќе ја посети и Подгорица а утре ќе пристигне во Белград. Неговата посета на балканските земјите требаше да започне вчера, но беше прекината поради железничката несреќа во близина на Брисел. Следниот претседавач со Европската Унија ќе биде Белгија.
XS
SM
MD
LG