Достапни линкови

Промена на законите поради немање јавна дебата?


Отсуството на јавна дебата за предложените закони е причина тие често да се менуваат, откако во пракса ќе се види дека законските решенија не се добри, обвинува опозицијата. Само месец и половина од стапувањето во сила, веќе се предложени измени во законот за заштита од пушењето.

Измени предлага и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ. Со предлози излезе и Комората на угостители. Предложените измени денеска ги разгледуваат и комисијата за здравство и законодавно-правната комисија на Собранието. Веднаш по донесувањето,
Се обидуваме да направиме добар компромис меѓу тоа на пушачите да им овозможиме да ја живеат нивната навика на отворено, додека на непушачите да им овозможиме да не бидат изложени на пасивно пушење, што има многу опасности
власта го бранеше законот кој е еден од најстрогите во Европа, за сега да предлага негова либерализација.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ сега предлага пушењето да биде дозволено на терасите и во летни бавчи на угостителските објекти, во отворените летни дискотеки и на плажите, во периодот од 1 март до 31 октомври. Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е добро решение, но не одговора зошто не го предвиделе при донесувањето на законот.

„Се обидуваме да направиме добар компромис меѓу тоа на пушачите да им овозможиме да ја живеат нивната навика на отворено, додека на непушачите да им овозможиме да не бидат изложени на пасивно пушење, што има многу опасности.“

РСЕ: Не можеа тие работи да се предвидат пред донесувањето на законот?

„Целта на овој закон е да направиме добар компромис помеѓу желбата на пушачите да ја практицираат нивната навика на отворено, за во затворените простории да ги заштитиме непушачите од пасивно пушење,“

вели Ѓорчев.
Тоа укажува со каква сероизност владата пристапува со донесувањето на законите. Тоа не им се случува само со овој закон. Тие серија закони носат па менуваат после месец дена, два месеци. Што укажува дека слушањето на гласот на јавноста отсуствува.


Опозицискиот СДСМ, пак, предлага полиберално законско решение со кое освен на отворено, пушењето би било дозоволено и во делови од поголемите угостителски објекти. Според тој предлог, помалите кафеани ќе може да одлучат дали ќе бидат за пушачи или за непушачи. Пратеникот Андреј Петров од СДСМ вели дека предложените измени, од власта и од опозицијата, покажуваат дека законот е донесен набрзина.

„Тоа укажува со каква сероизност владата пристапува со донесувањето на законите. Тоа не им се случува само со овој закон. Тие серија закони носат па менуваат после месец дена, два месеци. Што укажува дека слушањето на гласот на јавноста отсуствува.“

Дел од стручната јавност предупредуваше дека при донесувањето на законите треба да се внимава и на етничките, социјални и психолошки карактеристики на луѓето на кои се однесува законот. Професор Имер Исмаили вели дека е многу тешко со сила да се наметне закон кон кој луѓето имаат отпор.

„Ние не можеме да бидеме Швеѓани, ниту Данци, па да ни наметнуваш некој закон.“

По донесувањето на законот, власта уверуваше дека може да го спроведе неселективно, на целата територија на државата, но на очиглед на сите тоа не е така.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG