Достапни линкови

Приватните претпријатија под притисок


За едни мајка, за други маќеа?

За едни мајка, за други маќеа?

Бизнисмените се жалат дека се изложени на присилна наплата без најава од државата. Според нив, владата е мајка за јавните претпријатија, на кои им ги репрограмира долговите, а маќеа за приватните, на кои им наплаќа присилно. Експертите сметаат дека се создава дискриминаторско опкружување.

Казна од 4000 евра за правно лице и дополнителни 1000 евра за управителот на фирмата која навреме не поднела пријава за Данокот од додадена вредност. По присилната наплата на радиодифузна такса пред новогодишните празници, пост – новогодишната присилна
Очигледно е дека знакот е точно тој, дека има тенденција на истиснување на приватниот сектор и фаворизирање на државни компании и создавање нефер дискриминаторско опкружување коешто не е добро.
наплата на фирмарина, повторно без никаква претходна опомена, властите се чини му зададоа уште еден удар на стопанството кој, според упатените, придонесува кон истиснување на приватниот сектор.

Сопственик на фирма од Куманово во допис до медиумите се жали дека платил 5000 евра казна поради тоа што доцнел со поднесувањето на документот само еден ден. За себе вели дека до сега редовно ги подмирува давачките кон државата, и дека доцнел поради тоа што бил вратен од УЈП поради ситен пропуст во пријавата.

Ваквиот однос е знак на истиснување на приватниот сектор, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов

„Очигледно е дека знакот е точно тој, дека има тенденција на истиснување на приватниот сектор и фаворизирање на државни компании и создавање нефер дискриминаторско опкружување коешто не е добро.“

И додека приватните фирми се казнуваат за еден ден каснење, владата им даде на државните должници грејс период од 10 години за подмирување на заостанатите долгови. Токму ваквиот однос на надлежните не е поволен за стопанствениците и може да има сериозни последици, смета Узунов.
Ако владата го дискриминира приватниот сектор тој почнува да бега. Наместо да вработува луѓе ќе се бави со шверц, ќе бега во странство, бидејќи се наоѓа во неповолна ситуација и јавниот сектор ќе го презема неговото место и со време економијата почнува да пропаѓа, да биде неефикасна и тоа кочница за прогресот


„Е сега, кои се последиците? Ако владата го дискриминира приватниот сектор тој почнува да бега. Наместо да вработува луѓе ќе се бави со шверц, ќе бега во странство, бидејќи се наоѓа во неповолна ситуација и јавниот сектор ќе го презема неговото место и со време економијата почнува да пропаѓа, да биде неефикасна и тоа кочница за прогресот.“

Извршниот директор на Сојузот на стопанскли комори Митко Алексов вели дека крајниот рок за поднесување на ДДВ пријавите за компаниите е несоодветен:

„На 15-ти во месецот за компаниите има едно големо финансиско оптоварување, кои компаниите тешко може да го издржат. Тука е законската регулатива за бруто плата, ДДВ. Сметаме дека компаниите тоа не може да го издржат во оваа фаза.“

Во крајна линија, приватните претпријатија се во понеповолна положба, заклучува Алесов

„Приватниот сектор е ставен во понеповолна положба споредено со јавните претпријатија на кои точно им се пролонгираат одредени долгови врз основа на даноци, па на некои и до десет години.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG