Достапни линкови

Засега нема официјална потврда за апсењето на командантот на талибанците


Белата Куќа, ЦИА и Пентагон засега немаат коментар на информациите дека, пред неколку дена во Карачи, е уапсен воениот командант на талибанците Мула Барадар. Според Њујорк Тајмс, американски и пакистански разузнавачи го упасиле Барадар, а анонимни извори од двете страни ја потврдиле оваа информација. Од друга страна, портпарол на Талибанците го демантира извештајот додавајки дека Барадар сеуште бил во Авганистан каде што ги организира воените групи. Мула Барадар се сметаше за број два во талибанското движење, веднаш по Мула Мухамед Омар.
XS
SM
MD
LG