Достапни линкови

Путин му честита на Јанукович


Рускиот премиер Владимир Путин му ја честиташе победата на Виктор Јанукович на претседателските избори во Украина. Јанукович ќе биде инаугуриран на 25 февруари како нов украински претседател. Од неговата партија соопштија дека тој размислува за премиер да го назначи Сергеј Тигипко, кој беше трет во првиот круг од изборите. Партијата на сегашниот премиер Јулија Тимошенко најави дека до Врховниот суд ќе поднесе жалба на резултатите од претседателските избори.
XS
SM
MD
LG