Достапни линкови

logo-print

Уапсен главниот командант на Талибанците


Според „Њујорк Тајмс“ талибанскиот главен командант бил фатен во Карачи, Пакистан, во тајната акција на американските и на пакистанските разузнавачки сили. Цитирајќи американски владин претставник, весникот наведува дека Мулах Барадар, опишан како најзначајна талибанска фигура од започнувањето на војната во Авганистан, веќе неколку дена се наоѓа во пакистански затвор и е испрашуван од страна на американски и пакистански разузнавачи.
XS
SM
MD
LG