Достапни линкови

Прогноза за времето- облачно, попладне дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поинтензивни врнежи ќе има во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура се движи од минус пет до нула, а дневната ќе биде од три до 10 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до шест степени.
XS
SM
MD
LG