Достапни линкови

Хамарбег: Вистински скандал е состојбата на Ромите во камповите во Косово


Еврокомесарот за човекови права Томас Хамарбег ја оцени како „вистински скандал“ состојбата со Ромите што живеат во загадени кампови во северниот дел на Косово. Хамарбег вели дека, во последниве девет месеци, два пати ги посетил камповите и таму не е ништо сменето. Оловото кое е присутно во водата, воздухот и земјата го загрозува здравјето на тие луѓе и треба на тие 600 жители од загадениот камп да им се понуди ново живеалиште и медицинска помош, додаде тој. Хамарбег истакна дека е скандалозно тоа што некои од Ромите, во такви услови живеат веќе десеттина години и оти во добар дел, за тоа е одговорна меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG