Достапни линкови

logo-print

Индустриската зона Жабени се уште се гради


И покрај ветувањето на битолскиот градоначалник Владимир Талески дека индустриската зона Жабени ќе биде готова во неговиот прв градоначалнички мандат, тој го ,,ситни" вториот, а индустриската зона с еуште не е готова. Во зоната се уште не е поставена комплентата инфраструктура.

Дури за една година во индустриската зона Жабени во Битола ќе се видат првите инвестиции. Вакви се оптимистичките прогнози на градоначалникот Владимир Талески, иако и по четири години од најавата на овој помпезен проект во зоната не е поставена комплетната
Во завршна фаза е проектот на ЕВН за електрификација на Жабени. Таму сега се внесува инфараструктура, водоводна мрежа, одводна канализација
инфраструктура, а на електронските јавни надавања за земјиштето нема заинтересирани купувачи. Од локалната самоуправа одрекуваат дека прокетот не им успеал со образложение дека во моментот зоната се електрифицира. Парите од Владата за електрификација на зоната беа издвоени пред две години, меѓутоа подолго време беа залутани низ административните лавиринти.

,,Во завршна фаза е проектот на ЕВН за електрификација на Жабени. Таму сега се внесува инфараструктура, водоводна мрежа, одводна канализација. Четири и пол километраскиот далновод, заедно со големата трафо-станица за која се набавени деловите и една од шесте помали трафостаници која треба да се наоѓа во самата зона, би требало да бидат готови во јули 2010 година."

вели Талески. Но, прашање е дали зоната ќе успеат да ја средат толку брзо, зашто ќе треба да се повлечат долги цевки со технолошка вода за наводнување на нивите кои со децении минувале од тука.
Со малку среќа и уште понапорна работа се надевам дека за една година, во индустриската зона Жабени би требало да видиме нешто реално од инвестициите во зоната

,,Има еден дел што се однесува на технолошка вода. Јавното претпијатие Стрежево ќе ја помести својата инфраструктура, треба околу зоната да ја постави."

додава Талески. Дека зоните не се градат преку ноќ, туку се долгорочна инвестиција посочува пример од Турција.

,,Кога беа гостите од Турција, кажаа дека пред 30 години почнале на површина од 120 хектари. Четири години биле на нула, а денес таквата зона е со 1200 хектари со 80 фабрики и над 25 000 вработени. Значи тоа е проект кој е долгорочен. Со малку среќа и уште понапорна работа се надевам дека за една година, во индустриската зона Жабени би требало да видиме нешто реално од инвестициите во зоната."

вели градоначаникот. Изградбата на зоната беше негово предизборно ветување уште за време на првиот градоначалнички мандат, а сега го тера вториот. Беше најавена како проект кој економски ќе го прероди градот обезбедувајќи странски инвестиции и 5000 вработувања. Денес стопанството во Битола одвај живурка, а во градот има над 20 000 невработени, од кои голем дел млади лица.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG