Достапни линкови

Започнуваат земјоделските активности


Земјоделци

Земјоделци

Месецот февруари е период од годината кога започнуваат земјоделските активности, кои подразбираат прихранување на земјоделските површини, засадување нови лозови и овошни насади, како и заштита на земјоделските насади од болести.

Месецот февруари е период од годината кога започнуваат земјоделските активности, кои подразбираат прихранување на земјоделските површини, засадување нови лозови и овошни насади, како и заштита од болестите за поквалитетно производство и поголеми приноси, сметаат стручњаците во Здружението на земјоделските производители во Куманово. Тие додаваат дека земјоделците при избор и количество на средствата за заштита на земјоделските површини се уште недоволно водат сметка за потеклото, квалитетот и
Најповеќе се увезува од Бугарија, Грција-кристалното ѓубриво, Романија, Русија, Украина и од Хрватска. Земјоделците земаат од ѓубрива кои стоеле и по две години, има и квалитетни, но треба да се обрне внимание дали етикетата е оригинална или пак е вметната тука
количеството кое ќе го употребат. Особено се прават грешки при набавување и употреба на вештачкото ѓубриво, кое на пазарот се наоѓа во изобилство и увезено од разни земји, бидејќи:

,,Најповеќе се увезува од Бугарија, Грција-кристалното ѓубриво, Романија, Русија, Украина и од Хрватска. Земјоделците земаат од ѓубрива кои стоеле и по две години, има и квалитетни, но треба да се обрне внимание дали етикетата е оригинална или пак е вметната тука."

Вели агрономот Нако Николовски, кој објаснува дека нашите земјоделци количеството при употреба на ѓубривото го одредуваат секој по сопствена „интуиција“.

,,Кое количество се употребува на еден хектар, нашите земјоделци гледаат колку фрлил комшијата, а не според претходно направени налаизи на почвата."

Февруари е месец и за поголемо внимание кон лозовите и овошните насади.

,,Зимско прскање со уљани препарати кои се за заштиа од болести. Сега е време за зимко окројување на лозите и на некои видови овошки. А период е и за подигање нови лозови и овошни насади,заради периос на мирување."

Вели Николовски, кој преку најразновидни едукативни програми и совети се залага кумановските земјоделци да го модернизираат производството, да произведуваат здрава храна со поголеми приноси. Дел од змејоделците ги применуваат препораките, дел од нив пак си тераат по нивното старо непишано правило, оти како што сметаат во Здружението секој од индивидуалните земјоделци си има своја причина за тоа.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG