Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху и Медведев ќе разговараат за санкциите за Иран


Израескиот премиер, Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев. На средбата е предвидено да разговараат за зголемување на притисокот и санкциите врз Иран, поради контроверзната нуклерана програма. Ова стои во соопштението на израелскиот претседателски кабинет. Русија традиционално се спротивставуваше на идеата за нови санкции за Иран, но во последнава недела, агенциите известуваат за зголемена нервоза во Русија за иранското збогатување на ураниум.
XS
SM
MD
LG