Достапни линкови

logo-print

Македонски офицери ќе обучуваат безбедносни сили во Авганистан


Новиот контигент на македонската армија што ќе биде испратен во Авганистан кон крајот на март, ќе има поинаква мисија од досегашната. Контигентот составен од штабни официри, вод на воена полиција и ренџерски батаљон ќе обучува авганистански безбедносни сили. Ова денеска го изјави началникот на Генералшабот на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски по средбата со командантот на Националната Гарда на американската држава Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби. Стојановски истакна дека е убеден дека војниците што ќе отидат во Авганистан ќе се справат со предизвиците и ќе ја оправдаат укажаната доверба.
XS
SM
MD
LG