Достапни линкови

Клинтон во посета на Саудиска Арабија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Саудиска Арабија ќе разговара со саудискиот крал Абдула и со министерот за надворешни работи принцот Сауд Ал Фејсал. Клинтон престојува во Заливот во барање арапска поддршка за нови санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. Вчера во Доха Клинтон го повика Иран да ги преиспита неговите, како што изјави, опасни одлуки, оценувајќи дека станува збор за провокативни чекори кои не и остваат многу избор на меѓународната заедница. Според Клинтон, Иран станува воена диктатура.
XS
SM
MD
LG