Достапни линкови

logo-print

Грчкиот долг на министерски состанок во Брисел


Министрите за финансии на земјите од еврозоната денеска во Брисел ќе разговарат за долгот на Грција и за мерките што ги планира Атина за да ја надмине кризата. Грција во минатата година имаше јавен дефицит од речиси 13 насто и вкупен долг од 113 проценти. Нормите на Европската унија изнесуваат: за дефицитот 3, а за долгот 60 насто. Грчките финансиски проблеми се одразија врз вредноста на еврото и предизвикаа загриженост за стабилноста на оваа валута која ја користат уште 16 земји на Европската унија. По денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната, за утре во Брисел е закажан состанок на министрите за финансии на сите 27 членки на Унијата.
XS
SM
MD
LG