Достапни линкови

Насилни нео-нацистички протести во Германија


Повеќе од 15 илјади луѓе учетвуваа во вчерашните насилни нео-нацистички протести одржани по повод 65-годишнината од сојузничкото бомбардирање на Дрезден од Втората светска војна, пренесе Скајњуз. Инцидентите настанале кога 5 илјади неонацисти кои марширале во чест на загинатите во нападот на градот сакале да им пријдат на 10-те илјади ривалски демонстранти од другата страна на реката Елба. Како што известува Скајњуз, 5 илјади полицајци остро реагирале и не и дозволиле на разбеснетата толпа од неонацисти да им пријдат на другите демонстранти. Неколку полицајци и граѓани биле повредени, а предизвикана е и материјална штета. Запалени биле неколку автомобили.
XS
SM
MD
LG