Достапни линкови

logo-print

Индиската опозиција побара прекин нa преговорите со Пакистан


Хинду националистичките лидери побараа да се прекинат мировните преговори со Пакистан по терористичките напади во Индија каде што загинаа 9, а речиси 60 луѓе беа ранети. Индиското министерство за надворешни работи соопшти дека прво ќе ги почека резултатите од истрагата, пред да го коментира барањето на опозицијата. На индиските аеродроми, железници и пазари е поставен зголемен број на безбедносни сили. Експлозијата во Индија е прв поголем напад по масакрот во Мумбаи во 2008 година.
XS
SM
MD
LG