Достапни линкови

Втор ден од офанзивата во Авганистан


Еден Американец и еден Британец, војници на НАТО, загинаа во нападот на Талибаците во регионот Марјах во Авганистан. Авганистнските сили соопштија дека, во судирите, загинале најмалку 20 милитанти. Претставници на воената коалиција на америкнски, британски и авганистански војници соопштија дека се задоволни од напредокот што го постигнале во вториот ден од офанзивата. Тие велат дека досега наишле на помал отпор од бунтовниците. Војниците денеска со метални детектори и кучиња ја пребаруват секоја куќа од областа Марјах во потрага по скриени милитанти и бомби.
XS
SM
MD
LG