Достапни линкови

logo-print

Саакашвили: Ни една спортска грешка не смее да доведе до смрт


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека „ни една спортска грешка не смее да доведе до смрт“. Во говорот што го одржа Сакашвили на Олимписките игри, ден по трагичниот инцидент со грузискиот натпреварувач, тој истакна дека грузиската влада планира да изгради центар за лизгање, што ќе го носи името на починатиот грузиски спортист Нодар Кумариташвили. Дел од натпреварувачите своите кациги ги обоија во црно во знак на почит кон Кумариташвили.
XS
SM
MD
LG