Достапни линкови

Воена делегација од Вермонт пристига во Македонија


Делегација на Националната гарда на американската држава Вермонт денеска ќе пристигне на тридневна посета на Македонија. Делегацијата ќе ја пречека началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-полковник Мирослав Стојановски, соопшти АРМ. Во соопштението е наведено дека целата на посетата е да се унапреди соработката и подготвеноста на контигентот на АРМ за заедничкото учество со вермонтскиот контигент во мисијата ИСАФ. Според протоколот, предвидено е делегацијата да се сретне и со високи државни претставници.
XS
SM
MD
LG