Достапни линкови

Русија е „изненадена“ од плановите на Бугарија


Русија побара објаснување од Бугарија за нејзините планови да се приклучи кон американскиот одбранбен ракетен систем во Европа. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека „бугарскиот план е изненадување за Москва што дојде веднаш по романското изненадување“. Бугарскиот премиер Бојко Борисов неодамна изјави дека сака Бугарија да стане дел од американскиот одбранбен ракетен систем во Европа.
XS
SM
MD
LG