Достапни линкови

Средба на политичките лидери во Албанија


Во Албанија денеска се сретнаа највисоките политички фунционери за да ја надминат седуммесечната политичка криза предизвикана од обвинувањата за изборна кражба, известуваат новинските агенции. Претседателот Бамир Топи по состанокот со премиерот Сали Бериша и лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама изјави дека се согласиле да продолжат да бараат заеднички точки за излез од политичкиот ќорсокак. Социјалистите со месеци го бојкотираа работењето на Парламентот и носењето на закони.Тие организираа и протести.


XS
SM
MD
LG