Достапни линкови

logo-print

Словенија ќе добие амбасада во Тирана


Словенечкиот шеф на дипломатијата , Самуел Жбогар најави набрзо отварање на амбасада во Тирана.Ова го соопшти Жбогар денеска по средбата со неговиот албански колега Илир Мета во Љубљана. Мета вели дека добил ветување дека во периодот на шпанското претседавање со Европската Унија Албанија и Босна и Херцеговина ќе добијат позитивен одговор за визна либерализација со Шенген зоната.Како што пишува албанската агенција „Балкан Веб “ шефот на албанската дипломатија, Илир Мета добил гаранции дека Словенија ќе ја подржи Албанија во барањето за визна либерализација.
XS
SM
MD
LG