Достапни линкови

Протести „за “ и „ против “ отворање фабрика во сибирски град


Околу 2 илјади луѓе протестираат во сибирскиот град Иркутск против планираното отворање на фабриката за хартија на брегот на Бајкалското Езеро. Невладината организација која го организираше протестот тврди дека планираното отворање на фабриката ќе го загади езерото и воздухот. Други 2 илјади демонстранти застанаа во одбрана на фабриката велејќи дека со нејзиното отворање ќе се создадат нови работни места и ќе се подобри локалната економија. Агенциите известуваат дека на овие протести немаше насилство.
XS
SM
MD
LG