Достапни линкови

Најмалку 20 бунтовници загинале во нападите во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека најмалку 20 бунтовници загинале денеска во борби со американските и авганистанските војници во градот Марјах. Комадантот на авганистанските војници, генерал Шер Мохамад Зазаи вели дека досега заробиле 11 милитанти и гомема количина на воено оружје. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара од Талибанците пред нападот да го предадат оружјето и побара во операцијата да се внимава на цивилни жртви. Околу 15 илјади американски, британски и авганистански војници учествуваат во офанзивата во Марјах, едно од последните поголеми талибански упоришта во јужен Авганистан.
XS
SM
MD
LG