Достапни линкови

logo-print

Груевски - Неприфатливо е да не се викаме Македонци


Преговорите со Грција се забавени поради блокадите на јужниот сосед, изјави синоќа премиерот Никола Груевски на партиските трибини на ВМРО ДПМНЕ во Струмица и Гевгелија. Груевски рече дека државниот став кон ова прашање е конструктивен и оти ќе продолжи да бара решение кое ќе ги задоволи и двете страни, но не по цена на промена на Уставот и губење на идентитетот и јазикот.
„Решавањето на овој проблем за нас е од особено значење, бидејќи претставува услов за прием на нашата земја во НАТО и ЕУ, но за нас е неприфатливо да не се викаме Македонци и да го преименуваме нашиот македонски јазик, и мислам дека со такво нешто нема да се согласи ниту еден Македонец“, изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG