Достапни линкови

Марија Анхелес Гарсија Де Лара, Амбасадор на Шпанија во Македонија


Веруваме дека е многу важно да продолжат директните средби помеѓу премиерите Груевски и Папандреу и навистина го почитуваме, го охрабруваме и го поддржуваме лидерството што го покажаа премиерите Груевски и Папандреу во продолжувањето на директните разговори. Така што да, ние веруваме дека постојат сигнали за оптимизам и дека понатамошен напредок е возможен во најскоро време

Г-ѓо Гарсија де Лара, Министерот за надворепшни работи на Шпанија, г-динот Моратинос најави скорешна посета на Македонија. Тој даде оптимистичка изјава во втрска со решавањето на прашањето за името. На што е базиран тој оптимизам?

Посетата на Моратинос беше планирана од порано но за жал тој не можеше да ја реализира. Тој имаше намера да допатува и претходно но измените во неговата агенда не му го дозволија тоа затоа што вие знете дека ние ја отворивме во 2006 година откако тој го посети Скопје. Ја очекуваме неговата посета ккао прва посета откако е отворена амбасадата во Скопје . Неговата посета ќе се сосоти во поддршка на Владта за отпочнатиот реформски процес јна патото кон ЕУ и да ги поддржи напорите коишто се вложуваат во преговарачкиот процесот којшто го водат ООН, и да ја поддржи ЕУ перспективата на оваа земја. Многу е јасен приоритетот на претседателството и на политиката на ЕУ дека ја поддржуваме и веруваме дека местото на Западен Балкан е во ЕУ. Резултатите псотигнати во оваа земја , особено во 2009 година се задоволувачки, така што сигурна сум дека министерот Моратинос ќе ги охрабри властите за тековниот преговарачки процес.
De Lara
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:22 0:00

Најпрвин дозволете ми да напоменам дека претседателството му придаде големо значење на Западен Балкан како што веќе кажав. Западен Балкан останува високо на агендата на ЕУ и стабилноста на Западен Балкан има витално значење за безбедноста, стабилноста и напредокот на ЕУ. Министерот Моратинос планира да го посети регионот, сеуште не можам да го кажам датумот, бидејќи како што може да се претпостави агендата на претседателството со ЕУ е многу набиена но се надеваме дека ќе го посети Скопје штом ќе може. Ме прашавте за тоа на што се заснива оптимизмот за прашањето за името. Па, г-динот Моратинос ја покажува својата поддршка за тековниот процес под покровителство на ООН. Веруваме дека е многу важно да продолжат директните средби помеѓу премиерите Груевски и Папандреу и навистина го почитуваме, го охрабруваме и го поддржуваме лидерството што го покажаа премиерите Груевски и Папандреу во продолжувањето на директните разговори. Така што да, ние веруваме дека постојат сигнали за оптимизам и дека понатамошен напредок е возможен во најскоро време.

Како Шпанија може да помогне во решавањето на целиот проблем?

Ова е билатерално прашање коешто се решава под покровителство на ООН со посредство на медијаторот НИмиц којшто е нависти на единствениот којшто ги знае позициите на двете страни. Така што ние го поддржуваме тековниот преговарачки процес. Исто така веруваме дека во одредени моменти на вака деликатниот процес, дискрецијата е важна. Така што, дозволете ни да им дадеме простор на отпочнатите преговори и да им дозволиме на учесниците во дијалогот да остварат дискретни контакти, зошто во верувеме дека во критичните фази дискрецијата е многу важна и е најголемата помош што можеме да ја дадеме. СЕ разбира, претседателството на Шпанија со ЕУ го охрабрува отпочнатиот процес и ги охрабруваме двете страни да изнајдат взаемнио прифатливо решение. Постои процес којшто ние целосно го поддржуваме.


Постоеја шпекулации дека Шпанија е во многу подобри и на некој начин попријателски односи со Грција?

Не знам во која смисла го поставувате прашањето. Се разбира Шпанија од секогаш имала историски добри односи со Грција но на истиот начин на којшто Шпанија има добри односи со останатите земји од ЕУ. Шпанија исто така има многу добри билатерални односи и со оваа земја и билатералните односи само се унапредуваат . Ккао што споменав ние го покажавме нашиот интерес со отварањето на оваа амбасада , македонски претставници ја посетија Шпанија неколкупати како што и шпански претставници ја посетија Македонија неколкупати како во 2009 кога дојде министерот за одбрана, така што имаме постојана комуникација и сигурна сум дека уште на многу полиња можеме да работиме заедно. Сега финансираме проект во рамките на УНДП и други агенции на ООН како што се УНИЦЕФ и УНЕСКО за да го унапредиме меѓуетничкиот дијалог а овој проект е финансиран од фонд којшто го креираше Шпанија во 2006. Ние го финансиравме овој проект со 4 милиони долари. Понекогаш имам слушнато за ваквите изјави кои ги нагласуваат добрите релации на Шпанија со Грција но Шпанија исто така има многу добри односи и со оваа земја и ние ги охрабруваме овие добри релации. Мислам дека на нашите добри односи со Грција не треба да се гледа како на нешто негативно за шпанското претседателство, имајќи го предвид начинот н акојшто гледаме на оваа земја и начинот на којшто ја земаме предвид ситуацијата со Македонија . Потполно ги земаме предвид напорите што ги има направено оваа земја за приближување кон ЕУ и ние ги поддржуваме сите тие реформи.

Можеме ли да очекуваме поголем ангажман на ЕУ во наредните неколку месеци?

Мислам дека ЕУ целосно го поддржува процесот што се води но треба да имаме на ум дека ЕУ не е дел од процесот. Тоа е билатерално прашање, билатерален спор. ЕУ посакува взаемно прифатливо решение да биде најдено во најбрзо време но ЕУ не е дел од преговарачкиот процес. Така што, мислам дека сите држави и институции на ЕУ ги поздравуваат директните контакти и целиот преговарачки процес и ние како шпанско претседателство ќе бидеме повеќе од среќни ако се изнајде решение што е можно поскоро.

Мислите дека ЕУ е свесна за вистинската димензија на прашањето з аимето како и за позициите на двете страни?

Да, се разбира. МИслам дека ЕУ и нејзините членки и институции во потполност ги разбираат димензиите на проблемот и импликациите од него , чувствителноста на проблемот за двете страни, импликациите што ги има врз целиот регион. Затоа и ние би сакале што поскоро решение. Државите членки целосно се запознати со позициите на двете страни, ги искажаа своите погледи, но како што веќе кажав, понекогаш во ваков тип на процеси извесна дискреција е важна како простор за учесниците во критичните фази за да се најде решение.

Очекувате ли дека прашањето може да се реши до март кога ќе се одржи наредниот ЕУ самит?

Како што споменав постои процес којшто е во тек, знаеме дека медијаторот Нимиц ќе го посети регионот, тој процес како и директните контакти за многу важни, како што кажав Груевки и Папандреу покажаа лидерство, не сум во можност да потврдам ниту да исклучам можност да се дојде до решени во скорта иднина. Како и сите вие ги очекувам понатамошните можности. Во овој момент треба да го охрабруваме преговарачкиот процес, да им дозволиме да го следат тој пат. Како што реков, не сум во можност да потврдам или да исклучам решение во блиска иднина. Ние навистина би сакале да се случи тоа. Но нема да биде мудро да кажеме конкретни рокови во блиска иднина затоа што процесот е во тек.

Очекувате некаков прогрес од наредната рунда преговори, како што и самите рековте, во наредните недели се очекува доаѓањето на г-нот Нимц во регионот?

Очекуваме дека ќе биде постигнат напредок по неговата посета, и дека оваа посета ќе донесе најдобри можни резултати, се надеваме дека двете страни ќе успеат да најдат взаемно прифатливо решение. Навистина и придаваме големо значење на посетата на медијаторот Нимиц и с енадеваме дека оваа псоета ќе донесе позитивни резултати.

Што доколку Македонија остане надвор од ЕУ и НАТО. Повеќемина претставници на ЕУ пшредупредија дека е возможна дестабилизација на земјава како резултат на евентуалното влошување на меѓуетничките односи?

Мислам дека во овој момент треба да бидеме внимателни со драматичните шпекулации и треба да ги задржиме оптимизмот и надежта. Постои стабилна коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ коишто ќе останат на власт до 2012 и реформискиот процес следејќи ја и препораката на Комисија е патот по којшто треба да се оди и на којшто претседателството и земјите членки ве охрабруваат и не би сакала да да креирам такво сценарио. Се разбира прапшањето на меѓуетничките односи е многу деликатно и важно прашање за оваа земја но постои Охрискиот договор којшто се имплементира и ЕУ тоа го набљудува, така што мислам дека најдобро е да ги охрабриме потенцијалите што ги покажаа оваа земја кандидат во однос на интегрирањето и приближувањето кон ЕУ

Што е со реформите. Во судството, дали сте задоволни со политичкиот дијалог, демократијата, меѓуетничките односи?

Како што споменав, земјата продолжува да работи на нардната фаза од нејзините односи со ЕУ. Како што сите знаеме во октомври 2009 комисијата даде позитивен извештај за напредокот на земјава и покажа дека земјата напредува успешно и препорача датум за отпочнување преговори. Така што, се разбира во овој извештај беа наведени одредени области каде што реформите треба да продолжат и Владата треба да ја продолжи својата посветеност на овие реформи во одредени области ккао што се реформите на администрацијата, судството, имплементацијата на Рамковниот договор. Се разбира дека оваа земја постигна значаен прогрес, собено во 2009 кога доби и визна либерализација и со извештајот на ЕК, но реформискиот процес мора да продолжи. Работењето на тоа аспирациите да преминат во стварност се обрска не само на институциите на ЕУ туку и на земјите кандидатки, така што тоа е одговорност на кандидатките земји, тоа е нешто што е добро за самата земја. Ја ссум претставник на Шпанија , земја којашто заврши многу комплексен и долг преговарачки процес. Да ве потсетам дека ние аплициравме за членство во ЕУ 1977 а влеговме во Унијата во 1986 година и имавме конфоронтации со одредени соседни држави, моравме да спроведеме многу скапи општествено и политички реформи. Ние разбираме што е, но неопходно за земјата не е тоа само нешто што ЕУ институциите го бараат од оваа земја, туку тоа е добро и за земјата и ние веруваме дека оваа земја ја водат кон просперитет и стабилност и веруваме дека местото на оваа земја е во ЕУ и дека аспирациите ќе бидат исполнети но тоа бара напори од политилчарите, граѓабните, политички консензус, кога зборувам за мојата земја, јасно е дека постоеше јасен политички консензус во постигнувањето на ЕУ интеграцијата и на крајот тоа го сфативме како успех на целото општество , политичарите, институциите и граѓаните. Но мораше да се надминат многу тешки ситуации, вето од други држави, но мојата држава имаше енормно голем бенефит од ЕУ. ЕУ не е решение за се, но тоа носи бенефит во секој можен поглед. Ние веруваме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ, нема друга опција, тоа е најдобрата гаранција за стабилноста, тоа е најголемата движешка сила на стабилноста и демократијата.

Какво е првичното искуство на шпанското претседателство со Унијата со имплементацијата на Лисабонскиот договор?

Се наоѓаме во еден преоден период. Ние сме првото претседателство коешто го имплементира лисабонскиот договор, затоа и тоа беше нашиот прв приоритет затоа што ние веруваме дека тоа е најголемиот предизвик и дека Лисабонскиот договор отвора нови можности и нови структури и ја засилува ЕУ и правиме се целосно да биде имплементиран, да ги поддржиме новите позиции, претседателот на советото, високиот претставник за надворешна политика, се разбира целиот преоден период не е лесен голема е одговорноста на шпанското претседателство поради новите инситуции, новите процедури и високи позиции и се обидувама да соработуваме блиско и се обидуваме да соработуваме на полето на надворешната политика со високиот претставник , бароницата Ештон, и веруваме дека процесот ќе даде добри резултати. Можам да го споменам моето искуство овде во Скопје. ЕУ делегацијата во Скопје е една од првите коишто ја има одговорноста на претставување и коордсинација на претседателството на локално ниво и можам да кажам дека соработката со оваа амбасада и ЕУ делегацијата е одлична, одлично соработуваме со делегацијата на ЕУ овде во Скопе и со амбасадорот Фуере и имаме совршена комуникација. со секојдневно работиме на тоа договорот целосно да биде имплентиран.
XS
SM
MD
LG