Достапни линкови

"Целиот процес треба да се прекине. Треба да се побара советодавно мислење преку Генералното собрание на Обединетите нации, дали преговорите се легални и дали референцата е легална." вели професор Јанев во интервју за Радио Слободна Европа.

Можна ли е скорешна разврска на македонско грчкиот спор за името? Вашингтон и Брисел инсистираат на конечно затворање на проблемот. Скопје и Атина на ваквиот притисок засега само искажуваат спремност за изнаоѓање на решение. Колку се по зачестените барања на меѓународните фактори можат да резултираат со успех во преговрачкиот процес, го прашавме професорот по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград Игор Јанев.

„Мислам дека нема ништо да се постигне со притисок и мислам дека како и досега нема да резултира со никакви резултати. Тука се работи за еден мултилатерален проблем што треба да се решава во Обединетите нации преку советодавната јурисдикција на Меѓународниот суд за правда. Мислам дека Македонија во Септември треба да покрене акција за да добие советодавни мислење за тоа дали дополнителните услови за Македонија специфични за нејзиниот прием се во согласност со повелбата на Обединетите нации “ .

Јанев во неколку наврати соработуваше со претставници на македонската дипломатија, а беше и специјален советник на министерот за надворешни работи Слободан Чашуле

Дали сметате дека актуелното раководства па и предходните власти имале и имаат искрени намери да се реши овој спор?

До извесна мерка тие имале искрени намери, меѓутоа тие не знаеле дека треба да се побара разврска во Обединетите нации. Значи, не го сфаќале проблемот. Тие сметале дека проблемот има билатерална природа и од таа гледна точка тие постојано преговарале за нешто што е грешка од Обединетите нации. Ние сме ставени во еден преговрачки процес кој може да трае бесконечно.

Се сугерира најдоцна до Јуни, до крајот на Шпанското претседавање со ЕУ да се затвори ова прашање. Колку се реални шансите овој проблем да добие свој крај?

Јас мислам дека тие нема да постигнат никаков ефективен прогрес, Тие „црвени линии“ се многу одалечени. Мислам дека до крајот на Јуни тоа нема да може да се случи од прости причини што тој проблем се расплинуваи и на другите аспекти. Тука не се работи само за правен идентитет туку за културни и други аспекти од национален интерес.

Како ги оценувате изјавите и пораките од евродипломатите дека доколку во скора иднина нема решение можно еполитичка дестабилизација?

Мислам дека нашата дипломатија е пасивна и не може да го објасни мултилатералниот карактер на целиот проблем и заради тоа добиваме вакви пораки. Затоа и тие сега сакаат да побрзаме со решение. Меѓутоа, од друга страна Грција може да не условува. Затоа целиот процес треба да се прекине. Треба да се побара советодавно мислење преку Генералното собрание на Обединетите нации, дали преговорите се легални и дали референцата е легална.

Во меѓународниот суд за правада се одвива судска постапка која Македонија ја покрена против Грција поради прекршувањето на времената спогодба од 95-та година. Што македонинја ќе добие ако претпоставувме хипотетички дека одлуката ќе бдие на наша страна?

Доколку донесе било каква пресуда во полза на Македонија нема да доенсе никаква обврска за Грција понатаму да не не блокира. И од таа гледна точка пресудата би била многу значајна меѓутоа нема да го реши основниот проблем

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG