Достапни линкови

Карзаи предупреди да нема цивилни жртви во операциите во Хелманд


Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи ги предупреди трупите кои учествуваат во нападот врз милитантите во провинцијата Хелманд да обегнуваат цивилни жртви. Тој побара од авганистанските и странските сили да се консултираат со локалното население и да ги коорднираат акциите. Околу 15 илјади американски, британски и авганистански војници учествуваат во офанзивата во Марјах, едно од последните поголеми талибански упоришта во јужен Авганистан. Во градот живееле околу 80 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG