Достапни линкови

Македонската влада ги намали акцизите за возила


Македонската влада донела одлука за намалување на акцизите за возилата и за нов модел на пресметка на таа давачка, кој е базиран врз вредноста на возилото. Министерот за финансии Зоран Ставревски, на денешната прес конференција информира дека за возилата со фактурна вредност до 3 илјади евра, воопшто нема да се плаќа акциза, за оние до 6 илјади евра акцизата е 90 евра, додека за луксузните возила оваа давачка се зголемува.
XS
SM
MD
LG