Достапни линкови

logo-print

Либерман: Законот за референдум, алармантен


Американскиот сенатор Џозеф Либерман

Американскиот сенатор Џозеф Либерман

Американскиот сенатор Џозеф Либерман во интервју за Радио Слободна Европа го критикуваше потегот на парламентот на Република Српска да го одобри законот за референдум кој би можело да биде искористен за отцепување од Босна и Херцеговина.

Оваа одлука на парламентот на Република Српска беше силно поддржана од премиерот Милорад Додик, кој повеќепати повика на поголема автономија на ентитетот на босанските Срби и ги предизвика меѓународните претставници со можноста да раскинат со муслиманско хрватскиот дел од Босна и Херцеговина.

Според проценките, законот за референдум ги прекршува условите на Дејтонскиот мировен договор со кој и беше ставен крај на босанската војна во 1995 година. Одлуката најверојатно ќе ги наруши и разговорите за уставните реформи за централизирање на босанските владејачки структури. Американскиот сенатор Џозеф Либерман во интервјуто за Радио Слободна Европа изрази жалење поради тоа што босанските Срби го донесоа законот и покрај повиците на западните функционери да не го прават тоа:

„Ова е многу разочарувачка и загрижувачка вест од Република Српска. Не е целосно изненадување, бидејќи Додик со тоа се закануваше и порано. Босна е земја која доживеа геноцид пред само околу 15 години. Дејтон стави крај на војната, но со него се уште не се постигна оригинално решение за овие проблеми.“

Изјави Либерман. Соединетите држави и Европската унија очајнички се обидуваат да ги убедат босанските власти да се договорат околу пакетот уставни реформи кој ќе ја обедини земјата и ќе го постави курсот за нејзино членство во Унијата.

Поддржувачите велат дека реформите се од суштинско значење пред најавените избори во октомври годинава. Либерман оценува дека токму овие избори ќе им овозможат на трите ентитети во Босна и Херцеговина да покажат дали сакаат да имаат обединета влада и обезбедно членство во Европската унија, или пак се за враќање кон поделбите и кофликтите.
Се прашувам дали Европската унија и Соединетите Држави сега заедно не треба да назначат специјални пратеници кои ќе заминат и ќе останат во Сараево се додека не постигнат решение. Во спротивно последиците ќе бидат многу лоши...


Џозеф Либерман, минатата недела, заедно со сенаторот Џон Меккејн престојуваше во Босна каде што имаше средба со трипартитното претседателство на земјата кое побара поголема Западна инволвираност во решавањето на политичкиот ќор сокак. Либерман во интервјуто за Радио Слободна Европа предлага Соединетите Држави и Европската унија да креираат нови позиции со посебен фокус врз Босна.

„Се прашувам дали Европската унија и Соединетите Држави сега заедно не треба да назначат специјални пратеници кои ќе заминат и ќе останат во Сараево се додека не постигнат решение. Во спротивно последиците ќе бидат многу лоши.“

Изјави Либерман. Претходно и директорот на американското национално разузнавање Денис Блер предупреди дека Босна годинава претставува најголема закана за безбедноста во Европа. Тој во извештајот до ресорната сенатска комисија наведува дека би можело во Босна да дојде до спорадично насилство кое би довело и до нестабилност на Балканот. Коментирајќи ги ваквите наводи експертот за југоисточна Европа во вашингтонскиот центар за меѓународни и стратегиски студии Јануш Бугајски вели:

„Претпоставувам дека е можно, но шансите да дојде до тоа можат да бидат задржани. Со други зборови таму има постојано меѓународно присуство како и систем на предупредување. Не верувам дека на некоја страна и одговара насилство. Мислам дека пораката на Блер е оти со зголемување на тензиите Босна станува се понефункционална и се одалечува од Европската унија.“

Вели Јануш Бугајски во интервјуто за Радио Слободна Европа, во кое додава дека во таков случај одредени делови од населението можат да посегнат по, како што изјави, очејнички потези.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG