Достапни линкови

Хаменеи: силата на Иран


Иранскиот врховен верски лидер Али Хаменеи го пофали масовното излегување на иранците на провладините собири по повод одбележувањето на 31 годишнината од Исламската револуција и го предупреди Западот да престане да и поставува пречки на неговата земја. Тој оцени дека ваквите големи собири ја покажале силата на нацијата. Покрај владините во Иран вчера беа одржани и опозициски собири на кои, според некои извештаи, полицијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите.
XS
SM
MD
LG