Достапни линкови

Финска даде дозвола за Балтичкиот гасовод


Финското министерство за животна средина даде дозвола за гасовод под Балтичко море за транспорт на руски гас до Европската унија. Дозволата и е дадена на руско германската фирма Норд Стрим која претходно вакви дозволи доби од Данска и Шведска, преку чии води исто така ќе минува гасоводот. Изградбата на гасоводот во должина од илјада и двесте километри ќе почне во април годинава. Преку него од рускиот град Виборг до германското пристаниште Грајсфалд ќе се транспортираат по 55 милијарди кубни метри гас годишно. Вкупните трошоци на изградбата се проценуваат на 7 ипол милијарди евра.
XS
SM
MD
LG