Достапни линкови

Холандија го одблокира поглавието во хрватските преговори со ЕУ


Премиерот на Хрватска Јадранка Косор синоќа изјави дека имала информација оти Холандија ја отстранила блокадата од поглавието 23 кое се однесува на правосудството во претпристапните преговори со Европската унија. Според неа, тоа било последната пречка за затворање на тоа поглавие кое беше стопирано поради несогласувањата меѓу Хрватска и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц. Претходно своите блокади на ова поглавие ги повлекоа Британија, Белгија и Финска. Хрватска во минатата година затвори 17 поглавија во преговорите со Унијата.
XS
SM
MD
LG